Автобус на ЈСП излета од пат, патници пренесени на Ургентен  

Три лица се повредени кога автобус на скопското јавно транспортно препријатие во четвртокот квечерината излетал од коловозот на локалниот пат кај Матка.

 Во 18,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Д.Матка-Г.Матка автобус “Јутонг“ на ЈСП, управуван од 55-годишниот М.Б. од Скопје излетал надвор од коловозот.

Во незгодата со повреди се здобиле патниците М.И.(59), С.И.(31) и А.Х.(22) сите од Маткка, скопско и биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.