Автобус се сруши во провалија, 23 мртви

Најмалку 23 лица загинаа и 32 се повредени кога автобус се сруши во провалија западно од главниот град на Хаити, Порт о Пренс, соопшти денеска локалната служба за цивилна заштита.

Несреќата се случи во вторникот навечер, по локално време, а сите повредени се сместени во болница.
Според првите податоци, возачот изгубил контрола над автобусот.

Сообраќајните несреќи се чести во Хаити, каде што не се почитува законот за сообраќај и автобусите се пренатрупани.