Автобус со туристи се превртe во провалија кај Велес (ФОТО)

Kај месноста наречена Кула, во близина на Велес, се преврте автобус со македонски туристи кои се враќале од Грција.  Патниците бараа помош на социјалните мрежи, а набрзо пристигна пожарна, брза помош но и полиција.

Спoред првичните инфoрмaции се рaбoти зa грчки aвтoбус, кoј изгубил кoнтрoлa нa вoзење. Несреќaтa се случилa нa 300 метри oд местoтo зимски пункт Кулa. Последните информации велат дека нема жртви.

1

Автобус со грчки таблички вечерва излетал надвор од коловозт на автопатот Скопје – Велес. Во тек е излекување на повредените патници. Според првичните информации повредени се околу 20 лица.

2

Според инфорамциите од болницата „Св. Наум Охридски“ засега се примени шест лица, кои се испитуваат по што ќе се знае дали ќе бидат задржани на лекување. Дел од нив се со скршеници. По сообраќајката автопатот е затворен и создадена е огромна колона од возила кои се враќаат од Грција.