ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се преврте автобус во Србија – девојка почина, 80 повредени

Се преврте автобус во Србија - девојка почина, а 80 лица се повредени

Едно лице загина, а над 60 се повредени во сообраќајна несреќа, што утринава, околу 04.10 часот, се случи  кај Бубањ Поток, на автопатот Ниш – Белград.

До несреќата дошло кога туристички автобус ја пробил заштитната ограда на патот и се превртел.

Повредените патници се префрлени во Ургентниот центар, ВМА, КБЦ Земун и Институтот за мајка и дете во Белград.

Сообраќајот на овој патен правец не е прекинат, но сепак отежнато се изведува, истакнаа од Информативната служба на српското МВР.

Според портпаролката на Итната помош, Нада Мацура, 15 до 20 пациенти се тешко повредени.

avtobus-srbija1

Во автобусот, на враќање од летување во Грција, се наоѓале 86 патници, истакна портпаролката на Итната помош.

Во автобусот се наоѓале цели семејства и многу мали деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.