Aвтобус вршел меѓународен превоз на патници без соодветна документација

На 04.09.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај автобус кој вршел меѓународен превоз на патници.

-При контрола на автобус сопственост на туристичка агенција од Скопје, било констатирано дека нема задна регистерска табличка, за што е изготвен соодветен поднесок, а, исто така, констатирано е дека вториот возач А.Б. не поседува лекарско уверение како и сертификат за професионален возач за меѓународен превоз на патници, велат од МВР.

Во соработка со Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачот и правното лице.