Иако прославата на 26-годишнината од независноста на Република Македонија се одржуваше на тесниот простор во дворот на зградата на Владата, дури и со автобуси кои ги носеа партиските членови на СДСМ, Зоран Заев не успеа да го пополни просторот со луѓе.
Фотографиите направени кај скопско Кале, како и оние во близина на Владата објавувани на социјалните мрежи покажуваат дека челниците на СДСМ се осведочиле дека нивните досегашни потези откако ја преземаа власта не наидуваат на одобрување кај граѓаните, па како на предизборните митинзи лани со нарачаа автобуси со најпослушните партиски војници кои ќе се надеваат дека ќе бидат опфатени со партизирањето на државните институции.
За разлика од ова тажно одбележување на Денот на независноста во организација на Владата предводена од СДСМ, материјалите од минатите години покажуваат со каков ентузијазам граѓаните го одбележувале овој голем празник.