Автобусите на ЈСП сообраќаат по неделен возен ред, исклучок се неколку линии

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска (Бадник), утре (Божик) и в сабота, 8 јануари, сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии. Дежурни се три билетарници, а жичарницата ќе работи вообичаено.

ЈСП информира дека исклучок од неделен возен ред се линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164, кои денеска ќе возат по саботен возен ред.

Дежурни од 7 до 19 часот се билетарниците на Транспортен центар и Зелен пазар, а од 7 до 13 часот е  отворена билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата во овие три дена ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.