Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

28

По повод државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, утре автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Како што соопшти ЈСП „Скопје”, истиот режим ќе важи и в сабота и во недела.

В петок дежурни ќе бидат три билетарници, Транспортен центар со работно време од 7 до 19.30 часот, Зелено пазарче од 7 од 19.30 часот и Ѓорче Петров од 7 до 13 часот.

Билетарниците в сабота ќе работат со вообичаено работно време, а в недела дежурни ќе бидат посочените три билетарници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.