Автобусите утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено

ЈСП Скопје информира дека утре, среда (24.05.2023 год), поради државниот празник „Св.Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.