Во текот на утрешниот ден на празникот Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштија од ЈСП „Скопје“. Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Како што информираат од ЈСП, Жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.