Автобуската линија 15А ќе сообраќа по изменета траса

Автобуската линија 15А почна да сообраќа по изменета траса. Наместо преку „Рекорд“, автобуската линија сообраќа преку мостот „Гоце Делчев“.

Возилата на посочената линија ќе ги користат постојните, утврдени автобуски постојки долж трасата, а ќе возат по истиот возен ред како и до сега.

Изменетиот режим на 15А ќе важи 3 месеци, односно станува збор за пробен период.

Одлуката за ваквиот режим е донесена по барање на граѓаните.

ТРАСА НА ДВИЖЕЊЕ

*Во насока од Ново Лисиче (терминал) кон Карпош 4, возилата како и до сега ќе се движат по улица „Февруарски поход“, булевар „Видое Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, па, преку булевар „Крсте Петков Мисирков“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Илинден“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ и улица „Љубљанска“ во Карпош 4 (терминал).

 

*Во насока од Карпош 4 (терминал) кон Ново Лисиче, возилата ќе се движат по булевар „Илинден“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Крсте Мисирков“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Видое Смилевски Бато“, улица „Февруарски поход“, до терминал во Ново Лисиче.

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.