Автомобил излета од коловозот во штипско, тешко повреден возачот

Рано утрото во петокот во 05.54 часот на регионалниот пат Кадрифаково-Штип, во правец од крстосница со селото Варсаково кон крстосница со селото Три Чешми, во близина на клучка со селото Врсаково, 66-годишниот К.Ф. од Штип, управувајќи патничко моторно возило „ситроен Ц3“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип.