Автомобил излета од пат во битолско, возачот пренесен во болница со тешки повреди

На регионалниот пат Битола – с.Новаци пред с.Логоварди вчера околу 15 часот патничко моторно возило „Хјундаи“ со битолски регистерски таблици управувано од М.К. (49) од Битола излетало од коловозот и се превртело.

Во незгодата М.К. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.