Автомобил излета од пат во близина на Трубарево

Едно лице е полесно повредено откако автомобил излета од пат во близина на Трубарево.

Од МВР информираат дека несреќата е пријавена околу 3:30 часот, а истата се случила на регионалниот пат Скопје-Велес, во близина на Трубарево.

Според полициските информации, 24 годишниот скопјанец Х.К. управувајќи автомобил марка  „алфа“ изгубил контрола над истиот и излетал од патот.

Во несреќата со полесни повреди се здобил сопатникот во возилото.