Автомобил излета од патот Охрид-Кичево, повреден е и малолетник

На 17.07.2022 во 07.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Врбјани и с.Сливово, патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(27) од Гостивар, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.З.(21) и уште еден малолетен сопатник од Гостивар, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.