Автомобил излетал од патот, петмина повредени во Трубарево

Автомобил од марката „форд галакси“ вчера излетал од автопатот кај селото Трубарево при што со повреди се здобиле петмина сопатници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Со автомобилот управувал Т.А (25), а причините за несреќата засега се неутврдени.