Автомобил проголтан од кратер во асфалтот

Автомобил во рускиот град Астрахан пропаднал во земја среде возење по една од најфреквентните улици во градот.

Возачот на Лада Ларгус возел кон работа кога неговиот автомобил бил буквално проголтан, а тој успеал на време да излезе од возилото.

Полицијата наскоро ја затворила целата улица, а градоначалничката Марија Пермјакова пристигнала на лице место. Експертите кои извршиле увид во дупката изјавиле дека инцидентот е предизвикан од оштетени канализациони цевки на длабочина од осум метри.

Гувернерот на регионот Игор Бабушкин му ветил на сопственикот на возилото дека ќе му ја надомести штетата.