Автомобил се заби во полициска станица во Лондон

Маж со автомобил се забил во полициска станица во северен Лондон, нема настрадани а возачот е приведен, соопшти во средата вечерта Скотланд јард.

Инцидентот се слuчил малку пред 19 часот по локално време, кога возилото се забило во полициската станица во Едмонтон, околu 15 колометри од центарот на Лондон. Полициската станица веднаш била евакуирана.

Мажот, чијшто идентитет засега не се открива, е уапсен во врска со инцидентот. Автомобилот бил оставен на местото на настанот, поради полициската истрага, се додава во соопштението.

„Досега нема информации за настрадани“, додава Скотланд јард, без да објави дополнителни поединости за инцидентот.

Претходно минатат седмица Велика Британија го подигна нивото наа опасност од терористички напад на „сериозно“, што значи дека напад се смета веројатен, по неодамнешните по смртоносните џихадистички напади во Франција и во Австрија, иако владата тврди дека не пости некоја конкретна закана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.