Автомобил удри во кумановка, со тешки повреди пренесена во болница

На 10.12.2020 во 07.15 часот во Куманово на крстосницата од улиците „Доне Божинов“, „Тодор Велков“ и „Ленинова“, патничко возило „поло“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(53) од Куманово, удрило во пешакот С.М.(24) од Куманово, информира.

-По незгодата, С.М. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде ù биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на незгодата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.