Автомобил удрил во 11-годишно дете на велосипед

Автомобил удрил во 11-годишно дете додека возело велосипед и тешко го повредил, вчера на регионалниот пат село Ратае – село Желино.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 12.45 часот, во тетовското село Шемшово, кога автомобил „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од С.М.(48) од Скопје, удрил во 11-годишно дете од Шемшово, кое управувало велосипед.

Повреденото дете било пренесено во тетовската клиничка болница.

Полицијата извршила увид на местото и ја расчистува сообраќајката.