Автомобил влета во група ученици во Британија, најмалку една жртва

26

Автомомовил во британската грофовија Есекс во понеделникот влета во група ученици и притоа животот го загуби 12-годишно момченце, соопшти локалната полиција.

„Отворивме случај за делото ‘убиство’ по случајот од претходно понеделникот во градот Лоусон (свероисточно од Лондон). За жал, 12-годишно момче почина. Ги молиме сите кои имаат информации за инцидентот да се јават во полицијата“, објави на Twitter полицијата на Есекс.

Според првичните информации, инцидентот се случил доцна попладнето во понеделникот, по завршувањето на часовител. Возач на сребренест автомовил „форд ка“ не запрел по налетот на децата и избегал од местото на настанот. По возачот и возилото полицијата објави потера.

Во несреќата се повредени уште двајца тинејџери на 15-годишна возраст, момче на 13-годишна возраст, девоја на 16-годишна возраст и 53-годишна жена. Според медиумските извештаи, нивните животи се загрозени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.