Автомобил згази девојче од Неготино

На скопските клиники вчера е згрижено 15-годишно девојче од Неготино, кои здобило тешки повреди во сообраќајка.

Полицијата извести дека вчера во 17.20 часот на улицата Индустриска во Неготино се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од О.И. (58) од Демир Капија, удрил во 15-годишно девојче од Неготино.

Од ударот девојчето здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Итна помош Неготино била препратена кон скопските клиники.