(ВИДЕО) Автомобили пливаат во вода: Трамп прогласи вонредна состојба, најлошто пристигнува во Луизијана-ураганот Бери

Американскиот национален центар за урагани денеска соопшти дека тропската бура Бери се зајакнува додека се приближува кон крајбрежјето на Луизијана, а се очекува да се создаде ураган кога ќе допре до тлото во сабота.

Во соопштението е наведено дека ударите од ветерот се се посилни и моментално дуваат со 100 километри на час. Во текот на ноќта се очекува дека ќе бидат уште посилни.

Денес бурата беше на 155 километри југозападно од реката Мисисипи, со силни ветрови од 85 километри на час.

Претседателот на Америка, Доналд Трамп веќе прогласи вонредна состојба во Луизијана.

Ураганот Бери се приближува и во Њу Орлеанс чии жители минатите денови веќе се соочиле со обилни поплави. Во Њу Орлеанс се подготвуваат обилни и силни врнежи, а бурата вечерва или утре изутрина може да се претвори во ураган од прва категорија пред да стигне до крајбрежјето на Луизијана.

Наредени се итни евакуации на околу 10.000 лица во овој регион.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.