Автомобилот на Лејди Ди продаден за 650.000 фунти

Личниот автомобил кој ги возела починатата британска принцеза Дијана меѓу 1985 и 1989 година во саботата го купил анонимен купувач на наддавање близу Лондон за вкупно 737.000 фунти.

По наддавањето на купувачи од Дубаи и САД, автомобилот „Ford Escort RS Turbo“ од 1985 година, сепак, се чини ќе остана во земјата на потеклото, бидејќи се знае дека анонимниот купувач е од регионот на англиски Манчестер.

Почетната цена на автомобилот изнесувала 100.000 фунти, а на крајот е продаден за 650.000 фунти, на што треба да се додадат разните дополнителни трошоци и даноци.

Автомобилот беше кулминација на наддавањето организирано на аукциската куќа Silverstone Auctions. Аукцијата е одржана на славната автомобилска тркачка патека во Силверстоун, на 120 километри северозападно од Лондон.

Станува збор за спортска верзија на автомобилот од марката „Ford“, популарна во осумдесеттите години од минатиот век, со моќност од 130 коњски сили. Слични примероци од истиот модел на автомобилот со помалку славна историја можат да се најдат во огласи и по цела од околу 10.000 фунти.

Принцезата Дијана, според податоците на аукциската куќа Silverstone Auctions со овој автомобил самата управувала во текот на возење низ Лондон, иако постојано била следена од припадник на обезбедувањето.

Автомобилот е во одлична состојба, со црна боја и минал само 40.000 километри. Автомобилот, меѓу другите го користел и принцот Вилијам, втор во наследната линија за престолот.

Пред да биде целосно реновиран за продажбата, автомобилот неколкупати го менувал сопственикот. Саботната аукција е одржана четири дена пред 25-годишнината од смртта на принцезата Дијана, која загина на 36-годишна возраст во тешка сообраќајна несреќа во Париз.