Автомобилот во 6-тото коло од наградната игра „Фискална во рака-Награда без мака“ замина во Штип

Главната награда од шестото извлекување од наградната игра „Фискална во рака- Награда без мака“, во организација на Државната лотарија на Македонија, а под покровителство на Министерството за финансии на Рпублика Македонија, автомобил „Фолксваген поло“ замина за Штип. Извлекувањето беше одржано на 27-ми мај со директен пренос на МТВ1.

Неизвлечените коверти од ова извлекување како и ковертите од второ, трето, четврто и петто извлекување, кои се чуваат од страна на организаторот Државна лотарија на Македонија, ќе учествуваат во 7мото извлекување кога покрај редовните награди ќе се извлекува за стан и деловен простор, а кое ќе се одржи на 30ти јуни, објаснува организаторот во соопштението.

Досега во оваа наградна игра се доделија стан, деловен простор, пет автомобили, 750 вредносни ваучери од 60000 и 1000 денари.

Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со коверти со по дваесет фискални сметки од најран датум 15ти ноември 2013та. Ковертите покрај испраќање по пошта може да се оставаат и на пунктови во наменски кутии од кои се три постојани во Скопје – пред продажното место Толлакс и МПМ Пресс кон плоштад Македонија и една во влезот на зградата на МРТ. Низ поголемите  градови низ РМ пред секое извлекување се одвива караван со поставување пункт пред продажно место на Државна лотарија на Македонија, во поединечни денови. Независно дали ковертот се испраќа по пошта или се остава во наменска кутија, на ковертот мора да е напишана целосната адреса на примачот, велат од Лотарија на Македонија.

Граѓаните на овој начин можат лесно да дојдат до вредни награди, но истовремено помагаат во изградба на патишта, училишта, болници и други капитални проекти во Македонија.