Автопатот „Арбен Џафери“ утре ќе биде затворен за сообраќај

105

Косовското Министерство за инфраструктура и транспорт објави дека утре, 23 ноември, од 9 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај делот од автопатот „Арбен Џафери“ кој го поврзува главниот град на Косово со границата со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Автопатот на сегментот Коњух – Бабуш, меѓу Урошевац и Приштина, ќе се затвори поради поставување метална конструкција за надвозник за пешаци.

Во споменатиот период возилата ќе бидат пренасочувани на националниот пат Приштина – Генерал Јанковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.