Автопортретот на Фрида Кало најскапата слика на латиноамерикански уметник

Автопортретот на мексиканската сликарка Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон на којшто е и нејзиниот сопруг, продаден е во вторникот за 34,9 милиони американски долари, што е највисоката цена за дело на некој латиноамерикански уметник платене некогаш.

Насликана во 1949 година, сликата „Диего и јас“ е продадена на анонимен купувач на наддавање на Sotheby’s во Њујорк.

„Тоа е едно од најважните дела Кало понудени на продажба и многу сме возбудени што ќе биде во Sotheby’s“, изјави на отворањето на аукцијата Оливер Баркер, директор на аукциската куќа.

Кало, која во младоста доживеала тешка сообраќајна несреќа, насликала околу 200 слики, цртежи и скици, главно автопортрети во кои со своите трауми ги претворала во дела со живи бои и симболични сили.

Светската слава ја стекна по смртта во 1954 година откако во 1970-те кога стана феминистичка икона.