Авторите на вакцината „Спутник V“ одговорија на критиките од колегите

Научниците кои ја развија руската вакцина против новиот коронавирус „Спутник V“ одговорија на критиките на нивната студија за резултатите од клиничките испитувања објавени претходно во научното списание The Lancet.

Дописот на руските стручњаци испратен до редакцијата, како и аргументите на групата научници кои го критикуваа нивното истражувања, објавени се во петокот вечерта на веб-страницата на весникот.

Денис Логунов, заменик директор за научни активности во Центарот „Гамалеја“, и неговите соработници, исто така, ветуваат дека ќе обезбедат пристап до податоците за анализа на индувидуалните истражувања, со цел подробно да се одговорат прашањата кои се појавиле.

„Би сакале да истакнеме дека сите презентирани податоци беа добиени како резултат не експерименти и беа двојно проверувани. Откриените совпаѓања, особено во раните фази (ниските, близу до базичните показатели), се поврзани со дискретни индивидуални податоци, како и со малиот број учесници во групите. Признаваме дека тоа е пропуст во студијата, во делот од статијата кој е посветен на разгледувањето на резултатите. Потврдуваме дека податоците за секој поединечен учесник ќе бидат достапни по барање, а откако соодветениот предлог ќе биде одобрен, ќе биде можно да се пренесат овие податоци преку безбедна онлајн платформа“, се вели во писмото на руските истражувачи.

Пред десетина дена, професорот по биологија на Универзетот Темпл во Филаделфија, Енрико Бучи, објави отворено писмо потпишано од десетици научници од светот, во кои тие критикуваат дека во некои податоци од објавената руска студија, според авторите на писмото, се забележуваат статистички аномалии кои според нив не може да се совпаднат во реалноста.

На барање на The Lancet, критичарите на руската студија за истражувањата на руската вакцина минатата седмица испратија уште едно писмо во накусо се изложени нивните забелешки. Ова писмо го потпишале 15 стручњаци по вирологија, имунологија, статистичка анализа, научна етика и процедури за развој на лекови. На 10-ти септември авторите на „Спутник V“ ги испратиле до стручниот магазин The Lancet своите одговори на поставените прашања.

Претходно, коментирајќи ја ситуацијата редакцијата на The Lancet објави дека списанието поттикнува научна дискусија за потенцијално контроверзните прашања, и во петокот објавија дека двата текста се достапни на веб-страницата на списанието.

Во писмото објавено од странските научници, тие ги повикуваат руските колеги да објават дополнителни информации за вакцината.

„Додека резултатите од студијата изгледаат потенцијално значајни, кај нас се јавија одредени грижи, кои поради забрзаното ширење на вакцината меѓу населението, ги опишавме во отвореното писмо потпишано од нас и неколку наши колеги кои ги споделуваат нашите загрижености“, се вели во писмото.

Руските научници одговориле точка по точка на прашањата на колегите наведени во отвореното писмо и во писмото до The Lancet. Особено се осврнуваат на прашањето за сличноста на податоците добиени во разните експерименти и разликите кои биле сомнителни за странските научници меѓу резултатите од титрот на антителата меѓу учесниците во тестирањата.

„Би сакале да истакнеме дека сите презентирани информации се добиени како резултат на експерименти и внимателно се проверени“, повторно истакнуваат руските стручњаци.

Претходно Лагунов за руските медиуми изјави дека податоците добиени во текот на истражувањата на вакцината „Спутник V“ биле подложени на темелно испитување од страна на рецензентите на магазинот The Lancet, пред објавување на студијата и оти на сите нивни прашања биле даден одговори.

На почетокот од септември The Lancet ги објави резултатите од двете први фази од клиничките испитувања на руската вакцина против Covdi-19, која беше прва регистрирана во светот што предизвика реакции на сомневање на Запад. Наскоро, десетици научници од разни земји објавија отворено писмо на италијанската веб-страница Cattivi Scienziati, која е специјализиана за разобличување на псевдонаучни истражувања, во кои тие изразија сомневања во врска со податоците за руската вакцина. Редакцијата на The Lancet, чиешто големо долгогодишно реноме беше на тој начин доведено во прашање, потоа им предложи на руските научници да одговорат на прашањата на странските колеги.