Азар: Отсекогаш сум го сакал Реал

Играчот на Челзи, Еден Азар продолжува да буди сомнежи, што се однесува до неговиот евентуален трансфер во Реал Мадрид.

Познат факт е дека 13-кратниот европски шампион има голема желба да го привлече играчот на Лондончани. По Мундијалот 2018, белгиецот изјави дека негов сон е еден ден да го носи дресот на „кралскиот клуб”.

Неодамна преговарав со Челзи, но преговорите завршија. Сега чекаме. Што се однесува за во иднина сè уште не знам ништо. Со новиот менаџер имаме иста визија за фудбалот. Моето семејство е во Лондон, а јас ќе полнам 28 години. Не сакам да жалам за ништо на крајот од мојата кариера. Ова е важна одлука за мене, ќе видиме што ќе правам, коментираше Азар за француското радио.

„Знаете дека отсекогаш сум го сакал Реал Мадрид, дури и пред Зинедин Зидан. Ќе видиме што ќе се случи. Јас сум подготвен да завршам со своите настапи за Челзи. Имам договор уште една година”, заклучи Еден Азар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.