Азар: Во Англија, поразите не ги сфаќаат трагично како во Шпанија

120

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Еден Азар, кој е член на Реал Мадрид, во пресрет на почетокот на сезоната во Лигата на шампионите, кажа кои се разликите од играњето во Англија и Шпанија.

„Не очекував дека шест сезони ќе играм за Челзи, убаво ми беше и затоа останав толку долго, но знаев дека еден ден ќе заиграм за Реал. Од дете навивав за Реал, ми се исполни сонот да го облечам дресот на овој, за мене најголем клуб на светот. Можам да забележам дека во Шпанија, фановите се поголеми фанатици. Додека бев во Челзи, имаше разочарувања после поразите, но тоа не се сметаше за катастрофа. Во Мадрид е поинаку“ – вели Азар.

Дебито во ЛШ како играч на 13-кратниот европски првак, Азар ќе има в среда, на гости кај Пари Сен Жермен.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.