Азар за Реал Мадрид: Зошто да не?

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар не ја отфрли можноста за трансфер во Реал Мадрид.

Договорот на белгискиот фудбалер со Челзи истекува летото 2020 година.

Азар веќе одби неколку предлози за обновување на договорот.

Дали сакам да одам во Реал Мадрид? Зошто да не? Ми го поставивте ова прашање, а во исто време го знаете мојот одговор. Без Зидан Реал е поинаков, но сепак е Реал Мадрид, додаде белгискиот фудбалер за „Франс фудбал“.

Азар настапува веќе шестта сезона за тимот од Лондон, а до крајот на неговиот договор остануваат помалку од 18 месеци. За овој период тој освои две титули, една на ФА Купот и една од Купот на лигата.