Азаров: Намалувањето на цената на рускиот гас за Украина е историско достигнување

Пакетот украинско-руски договори, потпишани вчера во Москва, открива добри перспективи за економијата на Украина во наредните години, изјавил денеска на седница на украинската Влада, премиерот Микола Азаров.

„Јас ова би го окарактеризирал како историски договор за намалување на цената на природниот гас, по досегашниот тежок договор, што траеше три и пол години. На ова прашање претседателот Виктор Јанукович успеа да стави точка, бидејќи новата цена на гасот е економски оправдана. Историско значење има и одлуката на двете земји да ги отстранат трговските бариери“, посочил уште украинскиот премиер, пренесуваат локалните медиуми.

Азаров исто така додал дека двете страни се договориле за вонредно профитабилно кредитирање на украинската економија.

„Ова и овозможува на Украина да го прифати социјално ориентираниот буџет за 2014 година“, истакнал Азаров.

Најважните параметри на договорот се следните: 15 милијарди долари заем од страна на Русија за Украина и намалување за една третина на досегашната цена на природниот гас, што Москва гоувезува за Киев.