Азербејџан објави дека неговите сили заземале стратешки позиции во Карабах

Азербејџанската војска ја презема контролата над повеќе стратешки височини и шест села во Нагорно Карабах, соопшти во неделата попладнето министерството за одбрана во Баку, откако претходно беа разменети меѓусебни обвинувања со Ерменија за воени дејствија во спорната област кои доведоа до нова опасна ескалација во односите меѓу двете земји.

„Во заземените стратешки позиции се вклучени и ослободените села Гараханбејли, Гервенд, Хорадиз, Јухари Андилрахманли, во феиотно Фисули, Бојук Меџанли во Нузгар-Џабраилскиот регион“, изкави портпаролот на азарбејџанските вооружени сили.

Новата ескалација на тензиите на „линијата на контактот“ во Нагорно Карабах започна рано утрото во неделата, откако портпаролот на претседателот на оваа самопрогласена република објави дека азербејџанските војници стрелале врз населени места, вклучително и врз неговиот административен центар Степанакерт, каде што наводно имало и жртви меѓу цивилното население.

Баку и Ереван продолжија со меѓусебното обвинување за влошувањето на сутуацијата во регионот до критична точка. Министерството за одбрана тврди дека ерменската страна отворила оган, а азербајџанските сили тргнале во противнапад. Ерменската армија соопшти дека Крабах бил подложен на воздушни и ракетни напади од Азербејџан.

Турција и Русија преку своите министерства за надворешни работи побараа од двете страни веднаш да започната преговори. Москва во директни контакти ги повика Баку и Ереван во рамките на Организацијата на доворот за колектинва безбедноста дека конфликтот треба да биде разрешен само мирно и со помош на ткн Минска група на ОБСЕ. Истовремено од Организацијата забележале дека Ерменија не побарала помош за решавање на ситауцијата.

Конфликтот во Карабах започна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно Карабах, каде мнозинството население е автохтоно и поврзано со Ерменија, објави отцепување од тогашната Азербејџанска советска социјалистичка република. Во текот на воениот конликт од 1992 до 1994 година, Азербејџан ја загуби контролата над Нагорно Карабах и седум соседни региони. Преговорите за мирно решавање на спорор започнаа во 1992 година, во рамките на Минската група на ОБСЕ, која ја предводат трите земји копретседавачи – Русија, САД и Франција. Азербејџан иснистира на зачувување на својот територијален интегритет создаден со административни решенија во советскиот период, а Ерменија ги застапува интересите на самопрогласената република, а самиот регион Нагорно Карабах не е страна во преговорите.