16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Азербејџан освоил неколку локации на Нагорно Карабах

Азербејџан освоил неколку локации во Нагорно Карабах во конфликтот со ерменските сили, објавија обете страни и властите на спорниот регион.

Азербејџан успеал да го придвижи бојното поле подлабоко во конфликтниот регион, изјави Араџик Харутјунјан, регионален лидер во Нагорно-Карабах.

Ерменската армија потврди дека Азербејџанците успеале да влезат во нови области, што е првпат Ереван да го признае воениот напредок на своите непријатели.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на својот Твитер профил објави дека се освоени осум села.

Баку објави дека азербејџанската армија освоила вкупно 45 места во Нагорно Карабах, што ерменската армија првично го негирала.

Азербејџанската државна телевизија прикажува луѓе на улиците како слават со огномети.

Ерменија пријави неколку стотици смртни случаи од почетокот на конфликтот на 27 септември, додека Азербејџан не ја соопштува таа бројка, но соопшти дека се убиени 43 цивили.

Алијев за турската телевизија Хабер Турк изјави дека воената офанзива на неговата земја продолжува, постојано се жали дека мировните разговори во изминатите три децении не доведоа до мирно решавање на спорот за регионот.

Азербејџан ја засилила својата армија во последните неколку години и постојано повторуваше дека со сила ќе го освои Нагорно Карабах. Алиев исто така истакна дека Турција, сојузникот на Азербејџан, ќе има поголема улога во изнаоѓањето решение за конфликтот.