Азески: Политичко лидерство видовме од Заев, Рама и Вучиќ

Политичко лидерство – тоа денеска можевме да го видиме на дело од премиерите Заев и Рама и од претседателот Вучиќ.

Ваква беше оценката на претседателот на Стопанската комора на С Македонија, Бранко Азески пред почетокот на економскиот панел што се одржува од Регионалниот форум „Поврзан Балкан“ во Скопје.

Претходно, преку видеообраќање снимено за оваа прилика, тој испрати две пораки.

– Првата од нив е, денеска конечно да се договориме да исчезнат долгите редици камиони од нашите граници, а втората – она што досега не карактеризираше: затвореноста, сивата економија и евтината работна сила да останат за нас. За тоа е потребно да направиме договор за две работи: да го отвориме Балканот и да се обединиме како бизнис – потенцира Азески.

Неговата колешка, Инес Мукостепа, претседател на Унијата на трговско-индустриски комори на Албанија, кусо резимираше дека Западен Балкан е регион на договори, можности и способни и вредни луѓе.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.