Азески со тим од Комората во посета на компаниите погодени од енергетската криза

Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе ги посети рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, кои поради порастот на цената на електричната енергија од 1 септември годинава привремено прекинаа со процесот на производство.

Од Стопанската комора посочуваат дека во двата рудника има вкупно 674 директно вработени и се едни од најголемите работодавци во регионот кои придонесуваат за одржливиот економски и социјален развој на општините Конче, Штип и Радовиш.

– Во следниот период претставници на Стопанската комора ќе ги посетуваат компаниите коишто се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од енергетската криза, велат од Комората.

За посетата на рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, од Комората најавуваат соопштението.