Србин превезувал Македонци лажни баратели на азил во Геранија

Триесет и двегодишниот Србин К.А. доби кривична пријава поради сомнение дека го злоупотребил безвизниот режим.

Пријавениот на 30.08.2012. година со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна корист поттикнал и организирал патување на десет државјани на Македонија во Германија кои со цел стекнување на социјални и економски права побарале азил спротивно на прописите на државите членки на Европската унија и на  Шенгенскиот договор.

Превезувањето на лицата пријавениот го извршил со возило „фиат дукато“. Со извршување на кривичното дело тој се стекнал со противправна имотна корист од 147.600 денари.