Азиските берзи на највисоки нивоа во пет седмици, доларот благо јакне

На азиските берзи во петокот претпладнето цените на акциите достигнаа највисоки нивоа во последните пет седмици, бидејќи пазарите имаат поддршка од надежите дека ќе биде постигнат трговски договор меѓу САД и Кина, како и од новите пораки од американската централна банка Federal Reserve (Fed) дека ќе бидат трпеливи во однос на каматите.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, рано утрото во петокот беше во плус од 0,2 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво последните пет седмици. Притоа на токиската берза индексот Nikkei порасна за 0,9 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Хонгконг, Шангај и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,2 и 0,5 отсто. Во Австралија, пак, паднаа за околу 0,3 отсто.

Поддршката на азиските пазари дојде, како и претходно на њујоршкиот Волстрит каде вчера цените на акциите скокнаа петти ден по ред, откако во Економскиот клуб во Вашингтон, претседателот Fed, Џером Пауле, повтори дека централна банка ќе биде трпелива во однос на каматите

Неговата слична изјава пред една седмица ги отстрани стравовите на инвеститорите дека Fed и годинава ќе продолжи со агресивното зголемување, по четирите зголемувања минатата година, со што ќе му наштети на растот на економијата. Тоа, пак, го поттикан закрепнувањето на Волстрит на кој кон крајот на минатата година индексот S&P 500 се лизна на најниските нивоа во последните 20 месеци. Меѓутоа, од божикните празници овој индекс зајакна за 10 отсто.

„Изразот ’трпелив’ Fed обично се користи кога се заострува монетарна политика, но порачува дека до новото зголемување на каматите може да мине доста време. Тоа е позитивно за ризичните имоти, како и ублажените пораки на американскиот претседател Доналд Трамп по прашањето на трговските односи со Кина“, вели за Reuters Томоаки Шисидо, економист во компанијата „Nomura Securities“.

Откако во средата во Пекинг беше завршен првиот годинешен круг од преговорите меѓу САД и Кина на пониско ниво, американскиот министер за финансии Стивен Мнучин рече во четвртокот дека кинескиот вицепремиер Лиу Хе веројатно ќе дојде во посета на Вашингтон кон крајот на јануари на трговски разговори. Подигнување на преговорите на повисоко ниво ја поддржува надежите на вложувачите во договор меѓу Вашингтон и Пекинг во зададениот рок до 2-ри март, иако аналитачарите велат дека двете страни и натаму се оддалечени во врска со барањата на САД за структурни реформи во Кина, вклучително и правата на интелектуалната сопственост и присилниот трансфер технологии.

„За пазарите изгледите за 2019 година стануваат подобри по намалувањето на тензиите меѓу САД и Кина. Но основните тензии меѓу двете земји веројатно нема да исчезната и постојат веројатности дека договорот нема да биде постигнат кога ќе стане јасно дека целите на Трамп нема да бида постигнати“, вели Џереми Лаусон, економис во компанијата „Aberdeen Standard Investmants“.

Доларот благо јакне, нафтата се лизна

Откако со денови беше под притисок по минатонеделните пораки на Пауел дека Fed ќе биде флексибилен по прашање на каматните стапки, во петокот утрото американскиот долар благо зајакна.

Неговиот индекс, кој ја покажува вреднсота на американската во однос на другите шест најважни светски валути, од земјите најголеми трговски партнери на САД, се движ околу 95,38 поени, додека во четвртокот во истиот период од денот изнесувал 95,17 поени.

Притоа курсот на доларот кон јапонската валута порасна од вчерашните 107,90 на 108,25 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1525 долари, додека вчера во истото време изнесуваше 1,.1545 долари.

Цените на нафтата, пак, последните денови гпоре-долу се стабилни, откако на почетокот од годинава силно пораснаа и ги достигнаа највисоките нивоа во последните триесет дена. На американскиот пазар утрово падна за 0,6 отсто, на 52,30 долари за барел.