Азиските берзи во значителен пад, доларот зајакна а цената на нафтата во пад

На азиските берзи во понеделникот цените на акциите значително паднаа, како и на њујоршки Волстрит во петокот, бидејќи најголемите централни банки на светот продолжуваат агресивно да ги зголемуваат клучните каматни стапки, што дополнително ќе го забави економскиот раст.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7 часот по македонско време беше ви минус од 1,4 отсто, по растот минатата седмица. Притоа цените во Шангај, Австралија и Хонгконг паднаа за меѓу 0,4 и 2,5 отсто. Во Јапонија и во Јужна Кореја денеска поради празникот не се работи.

Под најголем притисок утрово се цените на акциите на кинеските технолошки компании, откако во петокот САД „од безбедносни причини“ објавија нови прописи со коишто се ограничува извоз на одредена американска опрема за производство на чипови во Кина.

Азиските берзи го следат падот на Волстрит во петокот, кога водечките американски индекси паднаа за повеќе од 2 отсто.

На продажба на акциите вложувачите ги наведоа податоците за бројот на вработените во САД кои покажуваат раст за 263.000, малку повеќе отколку што се очекуваше. Притоа стапката на невработеност се лизна на 3,5 отсто, додека се очекуваше 3,7 отсто. Тоа е добра вест, бидејќи покажува дека пазарот на труд и натаму е силно и дека економијата расте.

Меѓутоа, по прашањето на инфлацијата тоа е лоша вест, бидејќи може да се очекува натамошен раст на платите, па со тоа и инфлаторните притисоци. А тоа значи дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) и натаму агресивно ќе ги заострува монетарната политика.

Поради тоа на пазарот на парите сега се проценува дека Fed на дводневната седница на 1-ви и 2-ри ноември, повторно, веќе четврта седница со ред ги зголеми клучните камати за агресивните 0,75 процентни поени. Истото се очекува и од Европската централна банка (ECB) и британската Bank of England (BoЕ).

Се истакнува оваа седмица дека ќе биде објавен извештајот за растот на потрошувачките цени во САД во септември. Се очекува дека инфлацијата благо ќе падне на 8,1 отсто на годишно ниво, додека основната стапка на инфлација, од која се изземени цените на храната и на енергијата, би можела да порасне од 6,3 на 6,5 отсто.

 

Доларот зајакна, цените на нафтата благо паднаа

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна. Индексот на доларот, која ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 112,75 поени, додека во петокот на затворањето на пазарот изнесуваше 112,40 поени.

Притоа курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна со 145,30 на 140,50 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9738 долари, додека во петокот го заврши тргувањето со 0,9745 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа откако минатата седмица скокнаа за повеќе од 10 отсто, благодарејќи на одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници големи независни произведувачи да го намалат производството следните месеци и покрај притисоците од САД.

Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна утрово за 0,96 отсто, на 96,98 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,94 отсто, на 91,75 долари.