Азиските инвеститори внимателни, нафтата и доларот стабилни

45

На азиските берзи во средата се тргува претпазливо поради забавувањето на глобалната економија, а вложувачите не се наклонети на поризични инвестиции, додека цените на нафтата се стабилни по вчерашниот остар пад.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во денешното тргување по 7 часот беше речиси непроменет во однос на истиот период вчера, кога ослаби. На токиската берза индексот Nikkei утрово зајакна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг, Јужна Кореја и Сингапур пораснаа меѓу 0,1 и 0,8 отсто. Во Шангај и Австралија, пак, паднаа меѓу 0,1 и 0,3 отсто.

По остриот пад во декември минатата година, во јануари светските берзи надоместија добар дел од загубите, благодарејќи на надежите на инвеститорите дека САД и Кина ќе постигнат договор во предвидениот рок. Меѓутоа, последните денови вложувачите се претпазливи, по објавата дека кинеската економија лани го забележала најбавниот раст во последните 28 години, и откако ММФ по вторпат за три месеца ја намали процената за глобалниот раст. Така, во вторникот, по четирите дена раст ценита на акциите на Волстрит паднаа за повеќе од 1 отсто, а на другите најголеми светски берзи забележани се корекции на цените надолу.

Макронекономските податоци од низа развиени земји укажуваат на забавување на растот, додека од друга страна, пак, пазарите ги поддржуваат солидните квартални деловни резултати на американските компании и уверувањето на вложувачите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) поради забавувањето на глобалниот економски раст повеќе годинава нема да ги зголемува каматните стапки.

„Економските показатели се слаби, а продолжува и блокадата на работата на дел од државните служби во САД, што му штети на расположението на вложувачите. Меѓутоа, дури и тоа да се смета за позитивно за поризичните инвестиции, јасно е дека во таквата атмосфера е малку веројатно дека Fed ќе ги зголеми каматите“, вели за Reuters Шуџи Широта, директор во компанијата „HSBC Securities“.

Цените на нафтата утрово се стабилни по вчерашниот пад. Бидејќи забавувањето на растот на глобалната економија би можело да предизвика слабеење на побарувачката на енергенси, вчера на американскиот пазар цената нафтата падна за 1,9 отсто. Меѓутоа, утрово цента на барелот на овој пазар стабилно се движи околу 52,95 долари.

И на валутните пазари надвладува внимателноста, па курсовите на најважните валути не осцилираат премногу. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути на најголемите трговски партнери на САД, се движи колу 96,32 поени, како и во вторникот во истиот период од денот.

Приота курсот на доларот кон јапонската валута достигна 109,75 јени, додека вчера во истиот период од денот изнесуваше 109,60 јени. Американската влута благо зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна од вчерашните 1,1370 на 1,1365 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.