Азиските инвеститори внимателни, нафтата со раст, а доларот стабилен

На азиските берзи во петокот се тргува мирно, а цените на акциите се движат околу највисоките нивоа во последните десет години, освен што во Шангај остро паднаа поради новите мерки на властите насочени на зауздувањето на финансиските ризици.

На Токиската берза индексот Nikkei во раното претпладневно тргување беше во минус од 0,3 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија и Шангај се лизнаа меѓу 0,1 и 0,9 отсто. Берзанските индекси во Сингапур и Хонгконг благо пораснаа, додека MSCI иднексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, утрово стагнираше на вчерашните нивоа, највисоките во последните 10 години, па е на пат да оствари седмична добивка од 1,4 отсто.

На повеќето азиски берзи претпладнево се тргува мирно, бидејќи нема насоки од њујоршки Волстрит, каде што во четвртокот поради празниците не се работеше, и бидејќи нема позначителни вести коишто би ги придвижиле финансиските пазари.

Најмногу, речиси за 1 отсто, паднаа цените на акциите во Шангај и потонаа на најниското ниво во последните три месеца. Тоа е последица на новите мерки на кинеските власти да го зауздаат кредитирањето на микро претпријатијата и заострувањето на регулацијата во секторот управување со капиталот.

„Пазарот е погоден поради загриженоста на вложувачите во врска со побарувачката, но нема загриженост во врска со економските фундаменти“, вели за Reuters Наоки Таширо, претеседател на одборот во компанијата „TS China Research“.

Цената на нафтата, пак, на американскиот пазар порасна, бидејќи е затворен нафтовород Кејстоун, главниот нафтовод од Канада кон САД. Така, цената на барелот во петокот претпладнето скокна за 0,6 отсто, на 58,58 долари, што е највисокото ниво од јули 2015 година. На лондонскиот пазар, пак, цената на барелот ослаби за 0,3 отсто, на 63,35 долари.

А на валутните пазари американскиот долар се стабилизираше во однос на јапонскиот јен по двата дена пад. Неговиот курс се движи околиу 111,30 јени, откако во четвртокот се лизна на 111,07 јени, најниското ниво во речиси два месеца. Во однос на европската валута, пак, доларот ослаби па цената на еврото достигна 1,1850 долари, додека вчера во истиот период од денот изнесуваше 1,1825 долари.

Индексот на доларот, која ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути најголеми трговски партнери на САД, ослаби во петокот претпладнто за 0,1 отсто, на 92,15 поени, па од почетокот на седмицата е во загуба од 0,5 отсто.

Притисокот врз американскиот долар е последица од шпекулациите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed), поради ниската инфалција во САД следната година ќе го забави темпото на зголемувањето на каматните стапки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.