Азиските вложувачи воздржани, доларот зајакна а нафтата расте четврти ден

На азиските берзи цените на акциите пораснаа во четвртокот, четврти ден со ред, но се тргува претпазливо бидејќи нема многу причини за купување, имајќи предвид дека економијата забавува, а централните банки ги подигнуваат каматните стапки.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во утринското тргување по средноевропско време, беше во плус од 04 отсто, зајакнувајќи трет ден со ред. Притоа, на Токиската берза индексот Nikkei зајакна за речиси 1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја скокнаа за 1,2 отсто. Во Австралија и Хонгконг, пак, паднаа за меѓу 0,1 и 0,4 отсто, додека во Шангај поради празниците берзата сѐ уште не работи.

На азиските берзи се тргува претпазливо, вообичаено следејќи го претходниот трговски дена на њујоршки Волстрит, каде што откако индексите Dow Jones и S&P 500 ослабеа откако претходно го направија најголемиот дневен скок од април 2020 година за повеќе од 5 отсто, пазарот се смири.

 

А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по тридневниот пад. Индексот на доларот, кој ја изразува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 110,85 поени, додека во средата во истиот период од тргувањето изнесуваше 110,37 поени.

Притоа курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 144,15 на 144,55 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9915 долари, додека вчера во истиот период од денот изнесуваше 0,9960 долари.

 

Цените на нафтата, пак, растат четврти ден со ред, бидејќи ги поддржува вчерашната одлука на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници големите независни произведувачи предводени од Русија за намалување на производството следните месеци.

Така, цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,16 отсто, на 93,55 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,14 отсто, на 87,90 долари.