Азизи: Предвремени парламентарни веднаш! Власта ќе пљачка докрај и ќе не однесе во бездна!

Аднан Азизи, секретарот на Движењето Беса ги исмеа партиите на власта по неуспехот да се добие датум за отворање на преговорите со Европската Унија. Тој кажа дека Владата е делегитимирана и оти треба да се одржат веднаш парламентарни избори во Македонија.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА ја пренесува објавата на Азизи:

Датум… Интеграции… Европска Унија…процес… не оглувеа со празните пароли, додека во реалноста вистина е дека се прават, за да ја задржат власта и да пљачкаат до последниот момент. Датум нема – Владата е делегитимирана, затоа да се одржат предвремени парламентарни избори веднаш, уште утре, зашто овие можат само да не однесат во бездната, напиша Азизи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.