Азманов денес ќе сведочи за случајот „Рекет“

Бизнисменот Зоран Азманов е повикан денеска да сведочи во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“.

Азманов, кој е сопственик на градежната компанија „Настел“, имаше медиумски вербнални дуели со Борјан Јовановски уште пред да биде обелоденет случајот „Рекет“.

Бизнисменот Азманов го обвинуваше Јовановски дека му барал 50.000 евра за да не ја емитува епизодата „Инсајдер“, во која наводно требало да биде оцрнет.

Во моментот во обвинителството исказ дава Агапи Дика, претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.