Аѕурите во последните моменти ги земаа трите бода од Полска

Во еден од најпривлечните дуели во неделата вечерта игран во рамките на Групата 3 од квалитативно најсилната Лига А на Лигата на нациите на УЕФА, Италија славеше на гости во Полска со 1:0 и по неуспехот да се пласира на годинешниот мундијал во Русија,  и има шанси да го освои првото место, што ќе ги залекува малку фудбалските рани на „аѕуритe“.

Италија беше многу подобра во првото полувреме кога нејзините напаѓачи двапати шутираа во стативата од полскиот гол кој одлично го чуваше Шчечни кој со неколку извонредни интервенции спречи погодоци на гостите. Полјаците во првиот дел создадоа од противнапади неколку сериозни можности, но на почетокот од второто полувреме покажаа повеќе амбиции и имаа неколку убавио шанси. Италија имапе 70 отсто посед на топката, на мечот имаше вкупно 18 шутеви кон противничкиот гол, од кои пет завршија во рамките на голот, додека Полјаците имаат трипати помалку удари кон Донарума, но половината од нив – три беа упатени директно во голот. Сепак, Италија успеа да слави со голот што во втората минута од судиското продолжение го постигна Кристијано Бираги кој се одлично се снајде пред противничкиот гол.

Ова е втор пораз за Полска која пред три дена загуби и од Португлија (2:3). На табелата води Португалија со шест бодови, Италија има 4, а Полска еден бод.

Во мечот од Лигата Б во Сочи, Русија уште еднаш ја совлада Турција, овојпато со 2:0 и практично го обезбеди првото место во групата. Победата на домаќините на последното Светско првенство има ја донесоа Роман Нојштадтер со голот во 20 минута, и Денис Черишев кој беше прецизен во 78 минута, иако Турците имаа повеќе од играта настојувајќи да ги задржат шансите за прогрес на табелата.
Русија сега има седум бодови од три натпревара и е на првото место во оваа група, Турција има четири бодови од исто толку натпревари, а Шведска има еден бод од два дуела.

Во Групата 1 од Лигата Ц, Израел на домашен терен со головите на Томер Хемед во 8 и Диа Саба во 83 минута беше подобар од Албанија.

Во оваа група уште е Шкотска којашто има три бодат од два натпревара, а во водство е Израел со шест бодови, но од три меча. Толку дуели одигра и последната Албанија која во нив забелажа една победа и два пораза, односно освои три бода.

Во мечот од Групата 4 во Лигата Ц, во Букурешт селекциите на Романија и Србија одиграа без голови. Водечката екипа во оваа група, Србија, пропушти можноста да победи на гости и практично да си го обезбеди првото место две кола пред крајот, бидејќи од 45 минута Романците играа без исклучениот Тамаш, а потоа и Душан Тадиќ не успеа да реализира пенал.

Во истата група иако играчки во поле уделот мина израмнето, резултатски Црна Гора ја декласираше со 4:1 домашната Литванија. Црногорците имаа убедливо водство преки Стефан Мугоша кој погоди во 10 од игра и во 45 минута од пенал, Борис Копитовиќ во меѓувреме во 35 минута исто така се запиша меѓу стрелците, каде се најде и Дарко Зориќ со голот во 86 минута. Домашните го постигнаа почесниот погодок во 88 минута преку Роландас Баравикас.

По четвртото коло Србија има осум бодови, Црна Гора има седум а Романија шест бодови, додека Литванија е без бодови.

Во најслабата Лига Д, Азарбејџан и Малта одиграа 1:1. Гостите поведоа преки Ровен Мускат во 37 минута, а израмни Араз Абдулаев во 53 минута. Во истата група претходно со истит разултат заврши и дуелот меѓу Фарски острвои и Косово. И тука гостите поведоа уште во 9 минута преку Миљот Рашица, а израмни Рене Јоенсен во 50 минута.

Косово е во водство со осум бодови, пред Азербејџан со шест бодови, Фарски острови имаат четири а Малта два бода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.