Фронтменот на Инструктори, Момчило Бајагиќ Бајага (61) на крајот на минатата година стана дедо, но веста само што стигна до јавноста.
Сопругата на синот на Бајага на 27 декември родила девојче, а гордите родители на малото девојче му го дале името Сара.
„Така е, станав дедо“, потврдил Бајага за Новости, додавајќи:
„Имам прекрасна внука Сара и сега животот ми е порелаксиран. Далеку од тоа да кријам дека станав дедо, едноставно избегнувам да зборувам за мојот приватен живот.“
Името Сара, или во оригиналот Сарах или Сара, преведено од хебрејски значи оној што доминира; оној што е важен; жена која владее и управува; света мајка; жена со висок социјален статус или ранг; принцеза; владетел; библиска личност; гласник од Бога; принцеза; божица; светост, пишува Б92.
Синот на Бајага, Марко е роден 1990 година, една година откако музичарот се ожени со својата долгогодишна љубов Емилија. Марко како дете тренирал кошарка, а подоцна се заинтересирал за медиумите и спортското новинарство. Меѓутоа, кога дошло време да се запише на факултет, тој се одлучил за театарска продукција.