Бајден ја номинираше вдовицата на сенаторот Меккејн за место во ОН

Амерканскиот претседател Џо Бајден во средата ја номинираше Синди Меккејн, вдовицата на покојниот републикански сентаро Џон Меккејн на позицијата претставничка на САД во агенцииите на Обединетите нации за храна и земјоделство, соопшти Белата куќа.

Синди Мекејн, сопругата на „републиканскиот јастреб“ кој почина во 2018 година, ќе биде америкаснки претставни на FAO и други агенции на светската организација чии седишта се во Рим.

Покрај тоа, во соопштението се наведува и дека американскиот претседател има намера да го номинира Мајкл Карпентер, експерт за Русија, на функцијата постојан претставник на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена.

Бајден, исто така, го номинира Џек Маркел, поранешен гувернер на неговата матична сојузна држава Делавер, за американски претставник во Организацијата за економска соработка и развој (OECD), се додава во соопштението на Белата куќа.