Бајден апелираше до републиканците: Не дозволувајте Путин да победи

 

Американскиот претседател Џо Бајден побара во средата од републиканците „свежа инфузија“ за воената помош за Украина, предупредувајќи без со ништо да ги поткрепи своите тврдења дека руската победа во Украина ќе ѝ овозможи на Русија да ги нападне сојузниците во НАТО.

Бајден одржа говор во моменто кога САД планираат да најават нова дополнителна воена помош за Украина од своите многу истенчени воени залихи, како материјални така и парични, за Киев.

Ослободувањето средства за Украина „повеќе не може да чека пред опасноста“ којашто ја претставува рускиот претседател Владимир Путин, предупреди Бајден.

„Неуспехот во гласањето за дополнителни средства за Украина би бил најголемиот подарок“ за рускиот претседател, додаде американскиот челник.

„Доколку Путин ја земе Украина, нема таму да се запре. Путин ќе ги нападне НАТО сојузниците и тогаш ќе дојдеме до тоа американските војници да се борат со руските војници. Не можеме да му дозволиме на Путин да победи“, предвидува Бајден без да изнесе доказ со кој ќе ги поткрепи своите тврдења.

Белата куќа претходно седмицава предупреди дека на САД им снемува време и пари за да ѝ помогна на Украина да ја одбие руската инвазија

Бајден ја изрази растечката фрустрација од републиканците кои ја условуваат помошта за Укаина со јасно заострување на миграциските политики во контенстот на сѐ поголемото пристигнување на мигрантите на границата со Мексико. Бајден рече дека е подготвен да направи „значителни компримиси“ по тоа прашање за да ја добие поддршката од двата дома на Конгресот.

Таквата поддршка би овозможила проширување на воената помош за Украина, на која САД ѝ се најважниот снабдувач од полетокот на руската инвазија кон крајот на февруари 2022 година. Спротивно на тоа, пресушувањето на американската помош би претставувало катастрофично сценариот за Киев, за чијашто долгонајавувана протиофанзива по шест месеци неговите западни сојузници признаваат дека не донела речиси никакви територијални добивки воистиснувањето на руските војски.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, Андриј Ермак изјави во вторникот дека одложувањето на помошта од САД за Киев за којашто жестоко се дискутира во Конгресот ќе создаде „голем ризик“ Украина да ја загуби војната со Русија. Забелешката на Андриј Ермак е една од најискрените досега кои ги упатуваат високите функционери од Киев, забележува агенцијата Reuters, бидејќи под неизвесност е ставена иднината на главните пакети воена помош од САД и Европската унија за украинските сили додека се разгоруваат битките на боиштето во Украина.

Доколку американската помош биде одложена, „тоа создава голем ризик дека тогаш ќе можеме да бидеме во истата позиција во којашто сега се наоѓаме“, рече Ермак во обраќањето на англиски јазик. „И, се разбира, тоа ја прави многу голема можноста да биде неможно континуирано да се ослободува (територијата) и да се создаде голем ризик да се загуби оваа војна“, додава шефот на кабинеотт на претседателот Зеленски.

Во понеделникот претставници на Белата куќа за медиумите потврдија дека на САД им снемуваат и време и пари за помошта на Украина против инвазијата од Русија. А уште на почетокот од ноември, координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа, Џон Кирби објави дека Вашингтон потрошил 96 отсто од сите средства наменети за поддршка на Киев од почетокот на руската инвазија во соседната земја.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден во октомври побара од Конгресот 106 милијарди долари за финансирање на амбициозните планови за воена поддршка на Украина, Израел и границите на САД, но републиканците коишто го контролираат Преставничкиот дом со мало мнозинство го отфрлија пакетот. Републиканците во Сенатот каде се малцинство, пак, ноќта кон средата го напуштија брифингот на кој требаше да бидат убедени да го прифатат нацрт-законот за воената помош, условувајќи го со прашањето на миграцијата.

Американските власти се надеваат дека, сепак, можат да издејствуваат поддршка и изгласување на овој значаен пакет помош, кој во Киев се оценува со „витално значење“. Бајден изјави дека нема да потпиште никаков нацрт-закон за доделување помош само за Израел без Украина, доколку Конгресот и одобри таков документ, а републиканците во долниот дом инсистираат на засебна дискусија за поддршката на Киев.

Ермак како проблем ја издвои заканата дека нема да има повеќе директна буџетска поддршка од САД. Украинската влада очекува следната 2024 година да има буџетски дефицит од 43 милинарди долари.

„Се разбира, без оваа директна буџетска поддршка, ќе биде тешко да се задржиме… на (истите) позиции и…. луѓето навистина да преживеат… во текот на ситуацијата кога војната подолжува. Оттаму, исклучително критично е важно оваа поддршка да биде изгласана (во американскиот Конгрес) и да се изгласа што е поскоро можно“, рече уште шефот на кабинетот на Зеленски.

Тој двапати го посети Вашингтон во неколку седмици. Рече дека планира да изврши притисок врз американските законодавци и претставниците на администрацијата за да биде одобрен новиот пакет помош за Украина.

Во извештајот на Reuters се наведува дека Украина ја започна во јуни долгонајавуваната противофанзива, но посочува дека земјата „не била во можност да ги пробие руските одбранбени линии“. Се додава и дека руската војска во моментов презема офанзивни дејствија на источниот дел на фронтот.

Ермак во обраќањето уверуваше дека Киев има план за воените дејствија за следната година. „Ние навистина имаме план и овој план… вклучува воени операции… вклучува дипломатска активнсот и, секако, ја вклучува нашата соработка во комуникациите и информациите, рече.

Доколку Конгресот на САД не успее да се договори за помошта на Украина до крајхот на оваа и средината на следната седмица, таков обид ќе треба да биде направен по Божикните празници, кои започнуваат на 14-ти декември за конгресмените и ден потоа за сенаторите. Претставничкиот дом ќе ги продолжи своите активност на 9-ти јануари, а ден претходно ќе се собере Сенатот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.