Бајден бара итно објавување на транскрипти во кои Трамп дава ’несоодветно’ ветување на странски лидер

Џо Бајден, еден од главните фаворити за номинацијата на Демократската партија за американските претседателски избори следната година, апелираше да бидат објавени транскриптите од телефонски разговор на неговиот политички противник, актуелниот републикански претседател, во кои Доналд Трамп наводно му дал „несоодветно ветување“ на странски челник.

„Доналд Трамп во најмала рака би требало веднаш да го објави транскриптот од спорниот разговор, за Американците да можат самите да просудат“, објави во петокот на Twitter, поранешниот потпретседател Џозеф Бајден.

Медиумите наклонети на неолиберланиот естаблишмент во САД, го обвинуваат Трамп за неговиот однос кон Украина, како и за притисок врз оваа земја да ги истражи наводите за малверзации на синот на Бајден, за кои многу се пишуваше во минатото.

Весникот The Washingotn Post објави, повикувајќи се на поранешен неименуван високопозициониран функционер во Белата куќа, дека во разговор со него Трамп ги оцени американските дејствија во украинска насока како „бесмислени“. Претседателот, исто така, наводно сметал дека таквата политика ја иритирала Русија.

„Позицијата на претседателот, главно, е дека ние мораме да го признаеме фактот дека Русите треба да бидат наши пријатели, а кој ќе се грижи за Украинците“, го цитира весникот својот соговорник.

Претходно The Washingotn Post објави дека американски разузнувач „свиркач“, кој бил стациониран во Украина, поднел пријава за „вознемирувачки разговор“ меѓу Трамп и неименуван странски челник. Се истакнува дека претходно Трамп разговарал со украинскиот претседател Владимир Зеленски и наводно му ветил нешто. „Свиркачот“, за кој весникот истакнува дека е член на разузнавачката заедница, на 12-ти август пополнил службена пријава до главниот инспектор на разузнавачка служба, оценувајќи го „загрижувачко“ наводното „ветување“ кое Трамп му ги дал на странски челник. Американскиот претседател одговори дека станува збор за „лажни вести“.

„Мислат дека можеби сум имал ’ризичен’ разговор со одреден странски челник, поаѓајќи од ’многу пристрасна’ изјава на свиркач. Тоа е свиркач политички првиврзаник“, напиша на Twitter Трамп додавајќи дека станува збор само за „уште еден политички напад“.

Бајден го повика Трамп да „му нареди на кабинетот на шефот на Националната агенција за безбедност да прекине со одолговлекувањето и да го објави извештајот на свиркачот на Конгресот“. „Ако тие наводи се точни, тогаш навистина Трамп нема граница во својата подготвеност да ја злоупотребува својата моќ и да ја понижува нашата земја“, твитапе американскиот потпретседаетл во мандатот на Барак Обама.

Од друга страна, Конргесот ја засили изјавата за споменатиот приговор на свиркачот, а главниот инспектор на разузнавачката служба е сослушан, зад затворени врати, пред Комитетот за разузнавачки работи на Претставничкиот дом во четвртокот.

Руди Џулијани, личен адвокат на претседателот Трамп, за новинар на телевизијата CNN во четвртокот ги отфрли наводите за поттикнување на Украина да го истражува Хантер, синот на Џон Бајден, поради корупција. Сепак, потоа на повторнето прашање дали ја поттикнувал Украина да го стори тоа, Џилијани рече „Секако дека да“.

Главните демократи во Претставничкиот дом во писмо до Белата куќа ја изразуваат загриженоста од тоа дека Трамо и Џулијани ја притуискаат Украина „во служба“ на претседателската кампања. Трамп ќе се сретне со Зеленски следната седмица во Њујорк, а отвореното сослушување ќе се одржи во Конгресот во четврток.