Бајден бара Москва да го ослободи американскиот новинар обвинет за шпионажа

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја повика Русија да го ослободи новинарот на The Wall Street Journal, уапсен под обвинение за шпионажа и кој се наоѓа во притвор во Москва во очекување на судењето.

„Ослободете го новинарот“, рече Бајден додека одговараше на прашања од новинари во Белата куќа.

Весникот The Wall Street Journal повика рускиот амбасадор во Вашингтон да биде прогласен за персона нон грата откако новинар на весникот беше приведен во Русија под сомнение за шпионажа.

„Протерувањето на рускиот амбасадор во САД, како и на руските новинари кои работат таму, би било најмалата работа. Моментот избран за апсење изгледа како провокација пресметана да ги засрами САД и да ги заплаши странските новинари кои се уште работат во Русија“, тврди весникот во уводникот објавен синоќа.

Терисет иедногоришниот Еван Гершкович беше приведен во Екатеринбург под сомнение за шпионажа. Руската слуќба за внатрешна безбедност ФСБ тврди дека тој бил фатен „на местото на злосторството“ откако се обидувал да дојде до за воено-индустрискиот комплекс кои се со доверлив карактер. Новинарот ги отфрли сите обвиненија појавувајќи се пред московскиот суд. Сепак, му беше одреден притвор до 29-ти мај, а притворот може да биде продолжен до судењето.

Познато е само дека руската Федерална служба за безбедност објави дека со апсењето на Гершкович „спречила незаконска активност“. Други поединости, како што беше речено, ќе бидат соопштени по целосното завршување на истражните дејствија и подигнувањето на обвибението.